„Kордикор“ - најголем акционер во „Топлификација“

Bez autora
Jun 18 2012

„Kардикор инвестмент лимитид“ е името на кипарската фирма која е новиот најголем акционер во скопска „Топлификација“ откако неделава на берзанска аукција купи 16,44 отсто од акциите на оваа наша компанија. Оваа информација ја потврдија од „Поштел брокер“, кои на берзанската аукција ги застапуваа купувачите и кои пакетот-акции го добија по почетната цена од 3.079 денари за акција, односно за вкупно 3,7 милиони евра. Истото беше потврдено и од „Топлификација“, како ценовно чувствителна информација која беше објавена на интернет-страницата на Македонската берза. Kој се крие зад кипарскиот фонд не се открива, но брокерски извори велат дека фирмата постои подолго време, односно не е формирана за берзанската аукција. Исто така, и дека станува збор за сериозни купувачи кои имале планови за развој на бизнисот на „Топлификација“. - Зад овој фонд секако стојат конкретни имиња на заинтересирани инвеститори – велат брокери што ги консултиравме. Инаку, од скудните податоци што можат да се најдат на интернет, се дознава дека фирмата е регистрирана во Лимасол.

„Kордикор“ - најголем акционер во „Топлификација“„Kардикор инвестмент лимитид“ е името на кипарската фирма која е новиот најголем акционер во скопска „Топлификација“ откако неделава на берзанска аукција купи 16,44 отсто од акциите на оваа наша компанија.

Оваа информација ја потврдија од „Поштел брокер“, кои на берзанската аукција ги застапуваа купувачите и кои пакетот-акции го добија по почетната цена од 3.079 денари за акција, односно за вкупно 3,7 милиони евра. Истото беше потврдено и од „Топлификација“, како ценовно чувствителна информација која беше објавена на интернет-страницата на Македонската берза. Kој се крие зад кипарскиот фонд не се открива, но брокерски извори велат дека фирмата постои подолго време, односно не е формирана за берзанската аукција. Исто така, и дека станува збор за сериозни купувачи кои имале планови за развој на бизнисот на „Топлификација“.

- Зад овој фонд секако стојат конкретни имиња на заинтересирани инвеститори – велат брокери што ги консултиравме. Инаку, од скудните податоци што можат да се најдат на интернет, се дознава дека фирмата е регистрирана во Лимасол.

Новиот најголем сопственик во „Топлификација“ се поврзува со акционерите во скопската комбинирана централа „Те-То“ за производство на електрична и топлинска енергија, каде што доминантен сопственик е руски „Синтез 80“, кој поседува 80 отсто од акциите, а преостанатиот дел е на „Топлификација“. Сепак, неизвесно е кои се мотивите за купувањето на акциите што досега ги поседуваше словенечкиот фонд „Потеза“, кој е во ликвидација, бидејќи, како што објаснуваат берзански експерти, со овој процент акции не може да се има некое поголемо влијание врз донесувањето деловни одлуки.

Дали е ова само меѓучекор во некои идни покрупни сопственички преструктурирања во „Топлификација“, засега останува неизвесно, но како што се дознава, оваа компанија и натаму смета на подолгорочна соработка со словенечки „Петрол“, кој во македонските медиуми се спомнуваше како можен купувач на пакетот-акции. Од „Петрол“ демантираа дека на било каков начин стојат зад берзанската трансакција.

Тоа, сепак, како што дознаваме, не значи дека во иднина нема да дојде до прегрупирање на акциите во „Топлификација“ што ~ беа понудени на „Петрол“, бидејќи, како што велат нашите соговорници, словенечкиот нафтен гигант би бил одличен партнер со оглед на плановите што „Топлификација“ ги има во делот на дистрибуција на гас и продажба на електрична енергија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik